УЕФА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПРОЕКТ КАЈ НАС

ФФМ ГРАДИ СВОЈ СТАДИОН ЗА 5.000 ГЛЕДАЧИ

Од Нион ќе спонзорираат со 1.000.000 евра за изградба на стадионот. Останатите средства ќе бидат обезбедени од касата на нашата „куќа на фудбалот"

објавено: 11 јули 2018 - 12:00

Во текот на есенските месеци се очекува да стартува градбата на новиот стадион со капацитет од 5.000 гледачи кој ќе биде во сопственост на ФФМ, а за потребите на националните селекции но и клубовите од земјава.

Проектот е веќе направен, а за истиот претседателот Илчо Ѓоргуоски добил зелено светло и од УЕФА која влегува со финансиска подршка за изградба на новиот стадион. Според најавите од Нион за градбата на стадионот ќе бидат обезбедени 1.000.0000 евра а остантите (околу 2.000.000 евра), ќе бидат обезбедени од буџетот на ФФМ.

СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ ВО КОМПЛЕКСОТ
Стадионот од 5.000 гледачи ќе биде дел од комплесот на ФФМ кој се наоѓа во Ново Лисиче. Во близината на „куќата на фудбалот" постои простор кој можел да биде искористен за новото фудбалско здание иако втората опција е ако се надогради теренот од страната на кејот на реката Вардар каде сега своите натпревари ги играат младите селекции но и Работнички денеска има настап во Лигата на Европа со Хонвед.
Тој стадион сега е со капацитет од околу 1.000 гледачи со тоа што постоечките трибини би се дислоцирале а на местото од истите би се издигнале нови и поголеми со споменатиот капацитет од 5.000 седишта.

НОВ ДОМ ЗА „СЕНИОРИТЕ"
Со изградбата на новиот стадион во ФФМ ќе решат еден голем проблем. Ќе добијат нов дом каде натпреварите би можеле да ги игра и сениорската репрезентација. Арената во Скопје е со капацитет од 35.000 гледачи па така дуелите од типот на Гибралтар, Лихтенштајн нема да привлечат големо внимание и истите треба да се играат на помал стадион до 5.000 гледачи. Затоа оваа одлука да се гради нов стадион во Скопје е во ред. Исто така при изградбата ќе се внимава и на безбедносните факти со тоа што во иднина секој клуб би можел да побара да ги игра своите меѓународни натпревари на споменатиот нов стадион кој треба да биде изграден според сите стандарди на ФИФА и УЕФА.

ПАРИТЕ ОД „ХЕТ-ТРИК" ЗА ДРУГИ ПРОЕКТИ
Според најавите изградбата на стадионот во комплексот „Петар Милошевски" во Скопје нема да биде спонзориран од парите кои Макеоднија ги добива за инфраструктура преку „Хет-Трик" проектите на ФИФА и УЕФА.
Парите од таа донација ќе бидат инвестирани во други проекти и низ останатите градови во Македонија. Овие 1.000.000 евра од УЕФА се дополнителна помош за ФФМ.

 

Најново во Фудбал