ТЕТОВЧАНЕЦОТ СО ТРАНСФЕР ВО АЛБАНИЈА

Фатјон Јусуфи промовиран во Партизани Тирана

Сега веќе екс „гипсарот" во наредните две години ќе игра заедно со Јасир Асани и Егзон Белица.

објавено: 4 јануари 2019 - 15:18

Младиот напаѓач Фатјон Јусуфи (23) и официјално направи трансфер во Партизани Тирана, во еден од најголемите клубови во Албанија. Младиот напаѓач, инаку роден тетовчанец, е „дете" на Ренова. Таму ја започна својата кариера, но откако ги напушти „гипсарите" пред неколку денови, Јусуфи како слободен играч потпиша за Партизани Тирана.

Кога сме кај Партизани Тирана да споменеме дека таму веќе извесно време се и Јасир Асани, екс фудбалер на Вардар и Егзон Белица, кој пак играше и за Работнички. Денеска Партизани Тирана и официјално го промовираше Јусуфи како нов свој фудбалер.

Најново во Фудбал