Еуфорија во Тетово: Агим се врати дома

Сега веќе и официјално!  Супер засилување за Шкендија. Агим Ибраими е нов фудбалер на тетовските „црвено-црни“ поточно се враќа во клубот во кој ја почна играчката кариера

објавено: 19 јануари 2019 - 15:47

По 13 години талкање низ Европа: Салцбург, Марибор, Каљари, Астана, Домжале, Агим Ибраими реши да го прифати повикот на Шкендија и да се врати дома. Македонскиот шампион го направи најзвучниот трансфер за оваа сезона во македонскиот фудбал.
Ибраими со Шкендија потпиша тригодишен договор односно се обврза да ги брани боите на шампионот до 2022 година. Ќе го носи дресот со број 10.

 

Најново во Фудбал