2МФЛ: БОРЕЦ ДОМИНИРА НА ИСТОКОТ, НО ДЕНЕСКА ЗА ПРВ ПАТ ПАДНА

Есенска титула за Струга Трим Лум на Западот

Во Втората лига - Исток наубедлива беше екипата на Кит Го која со 4:0 убедливо славеше над Детонит Јуниор. Пехчевци дојдоа до трите бода благодарение на Иван Настевски (24. мин.), Мартин Стојанов (44.), Иле Синев (62.) и Александар Темелков (67.)

објавено: 24 ноември 2018 - 15:07

Потоа, Брегалница ремизираше 1:1 со Тиквеш, штипјани водеа по првиот дел од 35. минута кога мрежата на гостите ја затресе Иве Трифуновски, но не успеаја да ја задржат предност, бидејќи во 51. мин. тимот од Кавадарци дојде до бод (Александар Мишов).

Во Втората лига - Запад без голови одиграа Влазерими и Скопје, додека Струга Трим Лум славеше против Гостивар со 1:2 и така ја обезбеди есенската титула. Во 16. минута стружани поведоа благодарение на Нијас Лена од пенал во 16. минута, а зголеми Аљтин Лога во 35. минута.

Домаќините само успеаја да го ублажат својот пораз на стартот од второто полувреме кога стрелаше Љавдрим Скендери во 52. минута со прецизен удар од белата точка.

Пелистер ја запиша петтата победа за бегство од опасната зона за испаѓање, откако на домашен терен минимално со 1:0 го надигра Тетекс. Стрелец на единствениот гол за битолскиот клуб беше Филип Бошковски (57. мин.).

Со истиот резултат одиграа и Вардар (Н)-Каменица Саса (1:1), поведоа гостите преку Дарко Пешовски (15.), а непосредно пред паузата израмни составот од Неготино (Ѓорѓи Шишков).

Плачковица со головите на Горан Здравков (10.) и Назим Назимов (24.) го преслуша Партизан Обршани, а Кожуф ги израдува своите навивачи со победата против Борец.

Кожуф се погрижи за 1:0 од 63. мин. (Марјан Ристовски), истиот играч осум минути подоцна ја зголеми позитивата. Велешани го ублажија својот прв пораз сезонава во шампионатот преку Симеон Христов од пенал (77. мин.)

2МФЛ - ИСТОК

14. коло

Брегалница-Тиквеш 1:1
Кит Го-Детонит 4:0
Вардар (Н)-Каменица Саса 1:1
Плачковица-Партизан (О) 2:0
Кожуф-Борец 2:1

Табела: Борец 34 бодови, Тиквеш 29, Кожуф 28, Кит Го 26, Брегалница 24, Плачковица 15, Вардар (Н) 10, Партизан (О) 10, Детонит 10, Каменица Саса 7.

2МФЛ - ЗАПАД

14. коло

Влазерими-Скопје 0:0
Кораби-Генч Калемлер 3:0
Гостивар-Струга Трим Лум 1:2
Пелистер-Тетекс 1:0

Лабуништа-Гоблен 2:0

Табела: Струга Трим Лум 28 бодови, Лабуништа 27, Влазерими 21, Гостивар 19, Скопје 18, Кораби 18, Пелистер 18, Генч Калемлер 16, Гоблен 14, Тетекс 9.

Најново во Фудбал