„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ИМ СЕ ВРАТИЈА НА ПОБЕДИТЕ, РАДОСТ И ЗА ШКУПИ

Прв пораз на Вардар, Шкендија подобра во дербито на „Маџари“! (ФОТО)

Денеска на дербито на стадионот „Борис Трајковски" - Маџари во Скопје во рамките од 10. коло Вардар загуби минимално од Шкендија со резултат 0:2.

објавено: 21 октомври 2018 - 16:39

Најпрвин една спорна ситуација пред крајот на првото полувреме, Емини стрелаше во мрежата на Гачевски, а голманот веднаш реагираше до судиите сметајќи дека нема погодок. Погледнете ТУКА

Конечниот епилог го постави за крај на сите дилеми околу победникот ги постави Бесарт Ибраими за голема радост на Шкендија.

За скопските „црвено-црни" ова е прв пораз оваа сезона во шампионатот, а од друга страна Шкендија не само што ја прекина низата од три мечеви без триумф, туку и воедно се доближија до Вардарци на минус четири во генералниот пласман.

Потоа, Шкупи на стадионот Чаир ја забележа втората победа во дербито на дното против Силекс со головите на Бразилецот Сержињо и Стојкоски реализирани во текот на второто полувреме.

Работнички по подолго време им се врати на победите и тоа на Градскиот стадион во Тетово против Ренова благодарение на погодоците на Стјепановиќ од пенал во 26. минута и српскиот интернационалец Стевиќ во самиот финиш од дуелот.

Македонија ЃП продолжува со успешните настапи, веќе дојде до третиот триумф, откако на домашен терен со 1:0 триумфираше над Академија Пандев. Стрелец за „лавовите" беше Кировски во 55. минута на Стадионот Ѓорче Петров.

И на последниот меч Беласица на стадионот „Младост" во Струмица исто така го запиша третиот триумф над Победа (2:1). Во првите 45 минути за струмичани погодоци имаа Митевски и Ивановски, а почесниот гол за прилепскиот тим го реализираше Кириан Чиназорм.

1МФЛ, 10. коло

Недела, резултати:

Беласица-Победа 2:1 (Митевски 26, Ивановски 50/Кириан Чиназорм 90)
Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0 (Кировски 55)
Ренова-Работнички 0:2 (Стјепановиќ 26 пенал, Стевиќ 90)
Шкупи-Силекс 2:0 (Сержињо 50, Стојкоски 57)
Вардар-Шкендија 0:2 (Емини 45+4, Ибраими 90)

Табела:

1.Вардар 23 бодови
2.Шкендија 19
3.Академија Пандев 16
4.Работнички 14
5.Македонија ЃП 13
6.Беласица 13
7.Ренова 11
8.Победа 11
9.Шкупи 9
10.Силекс 7

Најново во Фудбал