НОРВЕШКИОТ ГИГАНТ ГО ПОСАКУВА ФУДБАЛЕРОТ НА ШКЕНДИЈА

ЕКСКЛУЗИВНО: Тотре пред трансфер во... РОЗЕНБОРГ!

Дознаваме дека контакти има, интересот е голем, деновиве ќе започнат и преговорите. Енур Тотре има договор со шампионот до 2021 година. 

објавено: 10 декември 2018 - 08:00

Енур Тотре, „детето" на Шкендија и еден од нашите најдобри млади играчи, оваа зима би можел да се пресели во Норвешка, во Розенборг, во најголемиот клуб во таа земја.

Имено интересот од страна на Розенборг датира од август кога норвежаните со многу среќа ја минаа Шкендија во плеј – офот во Лигата на Европа.

Дознаваме дека контакти има, деновиве ќе започнат и преговорите. Јасно е дека ако Шкендија се реши да го пушти во Розенборг, тоа ќе се случи само ако отштетата биде доволно голема и ако се разбира и самиот Тотре биде задоволен од личните услови. Да потсетиме дека Тотре е и актуелен младински репрезентативец на Македонија и потенцијален член на нашата најдобра селекција.

Колку за потсетување, во летниот преоден рок од Шкендија во Жилина (Словачка), трансфер направи Енис Фазлагиќ и тоа за големи пари за наши услови. Значи играчите на нашиот шампион се барани на фудбалскиот пазар.

Најново во Фудбал