СТРУЧНИОТ ШТАБ НА РЕНОВА ЌЕ КРОИ ПРОЛЕТНА СТРАТЕГИЈА

Џиџи ќе прави „рез“ во Ренова

„Ќе донесеме засилувања во вистинска смисла на зборот од оние кои ќе бидат слободни на пазарот, а не само да кажеме дека сме ангажирале нови имиња", се зборовите на Џиџи.

објавено: 7 декември 2018 - 14:30

Екипата на Ренова од Џепчиште бидејќи не беше меѓу трите фудбалски прволигаши кои настапуваа во четвртфиналните мечеви од Купот на Македонија, есенскиот дел од сезоната го заврши по неделниот викенд со првенствениот меч од 18. коло против локалниот ривал Шкендија.

По овој дуел тренерот Никола Илиевски – Џиџи го распушти тимот на зимски одмор и закажа прозивка за 9 јануари идната година.

НА СЦЕНА СТАПУВА СТРУЧНИОТ ШТАБ

Променливите резултати на „гипсарите" во текот на есенскиот дел беа причина во текот на првенствената сезона да дојде и до рокада на клупата. Ја напушти Јетон Беќири, а првиот натпреварувачки круг го завршија под палката на спортскиот директор Лирим Саити, за во вториот круг гружата околу тимот да му биде доверена на поранешниот македонски селектор, искусниот тренер Илиевски, кој забележа скор од две победи, четири нерешени и три порази.

„На некои играчи ќе им се заблагодариме. Ќе донесесме засилувања во вистинска смилса на зборот, од оние кои ќе бидат слободни на фудбалскиот пазар. Нема да ангажираме нови имиња, ако сметаме дека немаат соодветен квалитет каков ни е потребен за поголема конкуренција во тимот", вели Илиевски.

СЕ ПРАВИ ПЛАН ЗА ПОДГОТОВКИ

Покрај анализата на играчите кои ги имаат на располагање, стручниот штаб на Ренова ќе треба да го подготви и планот за подготовки и колку контролни натпревари ќе се одигра до стартот.

Најново во Фудбал