СЕ ОСВЕЖУВА ОДБРАНАТА НА „ЛАВОВИТЕ“

Две нови бразилски имиња во Македонија ЃП (ВИДЕО)

Екипата на Македонија ЃП ги доведе стоперот Андре Пеналва и бекот Изалдо Јр кои што ќе се обидат да му помогнат во остварување на клупските цели.

објавено: 2 јануари 2019 - 11:55

Прволигашот продолжува и понатаму „традиционално" да ангажира нови бразилски интернационалци, претходно беа обезбедени услугите и на 21-годишниот Пауло Едуардо Карваљо кој игра на крилната позиција.

Пеналва (24) воглавно настапувал за бразилски клубови, ЈВ Лидерал, Императриз, Марилиа-МА, Сампајо Кореа, Мото Клуб и Чападиња. 25-годишниот дефанзивец Изалдо Браз Јр настапувал за Наутико, Икаса, Ново Хамбурго, АС Конфианча, Јакуипенсе, Анаполис и молдавската екипа на Зимбру Чисинау.

По завршување на есенскиот дел од сезоната, Македонија ЃП одлучи да ја прекине соработката со Паулиста Фелипе Сантос де Соуза и Џеферсон Насчименто. Исто така, како што објавивме претходно тимот е и блиску до потпис со Остоја Стјепановиќ, довчерашниот капитен на „романтичарите".

 

Најново во Фудбал