ПРОМЕНИ ВО КРАТОВСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Димитар Иванов си замина од Силекс

И Силекс ги започна зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната, веднаш по прозивката веќе се одработуваат првите тренинзи.

објавено: 9 јануари 2019 - 13:17

Секако овој период се користи и за промени во своите редови од аспект на нови засилувања или заминувања, претходно објавивме дека нови имиња во тимот на Силекс се српскиот крилен напаѓач Петар Икиќ и голманот Стефан Истатов.

Димитар Иванов си замина од редовите на кратовскиот прволигаш во чиј дрес во есенскиот дел од шампионатот имаше 12 натпревари и еден гол во победата над Ренова, инаку станува збор за поранешен фудбалер на Вардар и Металург.

Освен тој, претходно клубот го напуштија уште Благојче Иванов, Дарко Десниќ и Спасоје Стефановиќ, со спогодбено раскинат договор за сите. Силекс до 2 февруари ќе се подготвува во Кратово, потоа се заминува на еднонеделни завршни подготовки во Охрид.

Најново во Фудбал