СТРУМИЧАНИ ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРАА ВРАЌАЊЕТО НА СТРАТЕГОТ

Цицмиловиќ: Убеден сум во опстанокот во Првата лига!

Вчерашната вест на „Спортмедиа" вечерва ФК Беласица ја потврди. Раде Цицмиловиќ повторно е стратег на струмичани.„Се враќам во позната средина, благодарност до раководството на клубот за укажаната доверба" вели Цицмиловиќ

објавено: 17 јануари 2019 - 22:31

Раде Цицмиловиќ и официјално е старо – новиот шеф на стручниот штаб на Беласица.

Вчерашната вест на „Спортмедиа" вечерва и официјално ја потврди раководството на клубот на својата интернет страница.

„Чест и задоволство ми е што повторно се враќам во Беласица.Позната ми е оваа средина. Со повеќето фудбалери работевме заедно во изминатиот период. Иако сме на последното место на табелата во моментов,верувам во сите играчи како и стручниот штаб околу мене, и убеден сум дека ќе обезбедиме опстанок на Беласица и дека и следната сезона ќе играме во ПМФЛ. Голема благодарност до раководството, што повторно ми укажа доверба да ја водам Беласица", изјави за клупскиот сајт Раде Цицмиловиќ.

Најново во Фудбал