МАКЕДОНСКИОТ ВИЦЕПРВАК ГО ЧЕКА ДОЛГ ПАТ

Целодневна авантура на „вардарци“ од 16 часа до Ереван

Вардаровата експедиција утрово од Скопје со автобус тргна кон Солун, од каде со авион ќе лета до Доха за да вечерва пристигне во Ереван.

објавено: 10 јули 2018 - 08:00

Поради лошите авионски конекции со Ерменија фудбалерите на македонскиот вицепрвак ќе патуваат цел ден за да стигнат до местото каде ќе почнат нова европска приказна.

Стручниот штаб на „црвено-црните" одреди 22 фудбалери кои ќе конкурираат за настап на натпреварот во четврток со почеток во 16 часот по македонско време.

Списокот на фудбалери кои заминаа во Ереван: Филип Гачевски, Филип Илиќ, Методија Велковски, Горан Попов, Тигран Барсегјан, Евгениј Новак, Максим Максимов, Владица Брдаровски, Матеј Цветаноски, Тодор Тодороски, Алекс Талески, Јован Попзлатанов, Кристијан Тошевски, Николас Херанц, Коста Манев, Дарко Мицевски, Филип Најдовски, Али Адем, Бесар Исени, Јакуп Бериша, Кларенс Битанг, Вилијан Лира.

Првиот квалификациски меч од Лига на Европа со Пјуник го игра во четврток (16 ч.). „Црвено-црните“ ќе имаат еден ден за аклиматизација во Ереван, по долгиот пат.

 

Најново во Фудбал