БЕКОТ НА ВАРДАРЦИ ПРЕД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ СО РАБОТНИЧКИ

Брдаровски: Секогаш е тешко против „романтичарите“!

„Сакаме да ја продолжиме серијата на добри резултати во првенството, се разбира дека тоа ќе биде тежок натпревар за нас, но и за Работнички" вели Владица Брдаровски.

објавено: 21 септември 2018 - 19:00

Вардар на општо изненадување, со оглед на проблемите кои го тиштат, игра добро, победува и освојува бодови во изминатите пет кола во ПМФЛ.

Утре вардарци ги очекува нов дерби меч, ќе му гостуваат на својот лут ривал, на тимот на Работнички.
За тоа што може да се очекува од аспект на Вардар, свој коментар има извонредниот десен бек на „црвено - црните" Владица Брдаровски...

„Се разбира дека сакаме да ја продолжиме серијата на добри резултати во првенството, но и се разбира дека тоа ќе биде тежок натпревар за нас, но и за Работнички. Мојот некогашен тим одново има добар состав кој конкурира за висок пласман. Нас не не залажуваат оние 2:6 од Тетово на Работнички против Шкендија. Се надевам на убав дерби натпревар, на добар амбиент и се разбира на наши три бода" заврши Брдаровски.

Најново во Фудбал