КИТ ГО СЛАВЕШЕ НАД ВАРДАР (Н), А ПЕЛИСТЕР ПОДОБАР ОД ГОБЛЕН

Борец со пресврт во финишот, Генч се радува во Гостивар

Во втората македонска фудбалска лига - Исток, Борец за малку ќе го претрпеше првиот пораз и тоа на гостински терен од Каменица Саса (1:2). Каменица Саса иако беше во позитива преку Гоцевски во 45. минута од средбата, нивните ривали не дозволија изненадување и се радуваа благодарение на Ѓорѓиевски (84.) и Христов (89.)

објавено: 3 ноември 2018 - 15:44

Кит Го на домашен терен во Пехчево го надигра Вардар Неготино, за вкупно шестиот триумф се погрижија Андонов (13.) и Симевски (24.). Партизан Обршани загуби од Брегалница (1:2, Аџиоски 49/Велиновски 25, Велковски 82).

Тиквеш дојде и до седмата победа над Плачковица (4:2). За кавадаречкиот состав стрелаше трипати Мишов (24.), од пенал (58.), во 85-та го комлетираше хет-трикот, еднаш Митев (73.), а на спротивната страна поразот го ублажија Петров (47.) и Лиманов (90.)

Во втората македонска фудбалска лига - Запад, составот на Кораби триумфираше како гостин кај Влазерими со резултат 1:4. Три погодоци беа реализирани во текот на првото полувреме, поведе преку Муча во осмата минута, па израмни Реџепи (24.), а непосредно пред паузата позитивата на Кораби ја врати Колеци (45.). Зголеми Муча со својот втор гол (70.), а конечниот епилог го постави Целески (86.)

Гостивар иако водеше со 2:1, поведе уште од петтата минута беа во предност благодарение на Зеќири, израмни Даути (33.), а Османи (56.) ги израдува домашните навивачи за нова позитива. Но, гостите направија целосен пресврт преку Хасан од пенал (79.) и Алији (90.)

Потоа, Пелистер со головите на Главевски (29. мин., 85. мин.) славеше Под Тумбе Кафе со 2:0 против Гоблен Јуниор, додека тимот на Струга Трим Лум ремизираше кај Тетекс.

Навивачката група „Војводи Тетово" слави 30. години, нивниот клуб Тетекс одигра реми против Струга Трим Лум. Стрелец на единствениот погодок за стружани во 26. минута беше Тафе, а „штофарите" спречија пораз во 58. минута со удар од белата точка кој го реализираше Салији.

2МФЛ, 11. коло

Исток

ПАРТИЗАН (О) - БРЕГАЛНИЦА 1:2
КАМЕНИЦА САСА - БОРЕЦ 1:2
ДЕТОНИТ - КОЖУФ 1:3
ТИКВЕШ - ПЛАЧКОВИЦА 4:2
КИТ ГО - ВАРДАР 2:0

Запад

ВЛАЗЕРИМИ - КОРАБИ 1:4
ГОСТИВАР - ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 2:3
ПЕЛИСТЕР - ГОБЛЕН 2:0
ТЕТЕКС - СТРУГА ТЛ 1:1

НЕДЕЛА, 13:30 Ч
ЛАБУНИШТА - СКОПЈЕ

Најново во Фудбал