СЕ ОДИГРАА ДЕНЕСКА ТРИ МЕЧЕВИ ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ, ИСТОК И ЗАПАД

Борец и Кожуф според планот, Лабуништа без голови против Генч!

12. коло во Втората македонска фудбалска лига - Исток започна порано, а причина за тоа е репрезентативниот повик кој го добија тројца играчи од редовите на Борец, односно Каменица Саса.

објавено: 8 ноември 2018 - 15:59

Борец ја забележа и 10. победа оваа сезона остварена на Градскиот стадион во Велес над Партизан Обршани со резултат 2:0.

Стрелец на двата голови за велешкиот клуб беше С. Христов во шестата и 83. минута од пенал за одржување на првото место на табелата со 31 бод.

Во вториот меч Каменица Саса убедливо загуби од Кожуф на теренот во Гевгелија (4:0). Во мрежата на Каменица Саса стрелаа Н. Зумровски (40.), С. Танов (81.) и двапати М. Ристовски (42. и 69. мин.)

За Кожуф ова е шеста победа во шампионатот за моментно на делба на третото место со 22 бодови.

Се одигра и еден натпревар од 13. коло во Втората лига - Запад, Лабуништа (во чии редови исто така има У19 репрезентативец) ремизираше без голови (0:0) на гостувањето во Гостивар кај Генч Калемлер. Лабуништа останува лидер на табелата со 24 бодови.

Најново во Фудбал