ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

Борец и Кожуф по домашни победи

Денеска од 13 часот се играат две средби од Втората лига - Исток и една Запад. Лидерот Борец дома го дочекува тимот на Партизан Обршани, додека во Гевгелија домашниот состав на Кожуф оди на три бода на мечот со Каменица Саса. 

објавено: 8 ноември 2018 - 10:40

Поради репрезентативните повици на Бојан Колевски, односно Марко Ѓоргиевски, како и Бојан Тимевски, екипите на Борец односно Каменица Саса своите мечеви од дванаесеттото коло ќе ги играат денеска.Мечевите од дванаесетото коло ќе се играат денеска наместо во закажаниот термин в недела од 13:00 часот. Тоа значи дека во Велес играат Борец - Партизан Обршани, а во Гевгелија пак Кожуф - Каменица Саса.

„Да, репрезентативните обврски како на младата, така и на аматерската репрезентација малку ни ги поматија плановите, но што е тука е, не можеме ние да влијаеме на тоа. Ќе се обидеме максимум да извадиме од оваа ситуација и со Колевски и Ѓоргиевски во составот денеска да одиграме максимално против Партизан Обршани, а потоа двајцата здравје боже да ги испратиме во репрезентацијата" - вели тренерот на Борец, Горазд Михаилов.

Каменица Саса гостува во Гевгелија каде што ќе се сретне со домашниот тим на Кожуф. Гостите ќе настапат значително ослабени затоа што во нивниот табор суспензии ќе одлежат Кристијан Јордановски односно Дејан Стоименов, играчи кои добија исклучување на мечот против Борец. На спротивната страна пак, домаќините кои очекуваат нови три бода ќе настапат без Костадин Зајков кој претходното коло го заработи петтиот жолт картон сезонава.

Во Втората лига - Запад во меч од 13. коло се игра натпреварот Генч Калемлер - Лабуништа. 

ДВОЈКИ - ДЕНЕСКА - 13:00 ЧАСОТ:
БОРЕЦ – ПАРТИЗАН ОБРШАНИ
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – КАМЕНИЦА САСА

ТАБЕЛА
1. БОРЕЦ 10 9 1 0 22:4 28
2. ТИКВЕШ 10 7 3 0 20:7 24
3. БРЕГАЛНИЦА 11 7 1 3 20:11 22
4. КИТ ГО 11 6 4 1 13:5 22
5. КОЖУФ 11 5 4 2 15:8 19
6. ПЛАЧКОВИЦА 11 3 2 6 13:19 11
7. ПАРТИЗАН (О) 11 3 1 7 8:18 10
8. ВАРДАР (Н) 11 2 0 9 10:22 6
9. КАМЕНИЦА САСА 11 1 3 7 11:24 6
10. ДЕТОНИТ 11 1 1 9 7:22 4

Најново во Фудбал