Како што дознаваме, ново големо познато име се враќа, за кое ќе се водат интензивни преговори во наредниот период.
Шкендија која повторно атакува со шампионски амбиции со намера официјално да го договори Агим Ибраими, кој досега ги бранеше боите на словенечкиот клуб Домжале.
После 12 години Ибраими кој има 39 настапи за македонската А репрезентација се враќа во редовите на Шкендија која му беше прв клуб во професионалната кариера.
Претходно пред да дојде во Домжале, на клупски план ги бранеше уште боите на Ред Бул Салцбург, Олимпија Љубљана, Ескишехирспор, Нафта Лендава, Марибор, Каљари и Астана.