ДОСЕГАШНИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА ШКУПИ

„БОМБА“: Кристијан Стојкоски е нов фудбалер на Академија Пандев!

На последниот ден од 2018. година нов „бран" кога станува збор околу најновите случуњава од аспект на засилувањата меѓу македонските клубови.

објавено: 31 декември 2018 - 13:19

Дознаваме дека Кристијан Стојкоски, најдобриот фудбалер на Шкупи го засилува составот на Академија Пандев.

Сезонава (втора) за Стојковски во дресот на Шкупи, во рамките од есенскиот дел на Првата лига имаше 17 натпревари и три голови, по еден против Ренова, Силекс и Шкендија.

Пред да се пресели на Чаир, 27-годишниот играч за врска ги бранеше уште боите на Македонија ЃП и Тетекс. 

Освен Стојкоски, претходно со Шкупи се раздели уште Баже Илијоски кој пак се врати во редовите на Работнички.

Најново во Фудбал