ПРЕГОВОРИТЕ СО ОДЛИЧНИОТ КАМЕРУНЕЦ ПРИВРШУВААТ

Битанг се поблиску до Шкендија

Добра вест за тетовци е што на Кларенс Битанг договорот со Вардар му завршува на 31.12.2018, што значи Шкендија би можела да го ангажира како слободен играч.

објавено: 12 декември 2018 - 12:00

Кларенс Битанг е се поблиску до Шкендија. Одличниот играч за врска на Вардар во зимскиот преоден рок би требало да се пресели во Тетово, едниот црено – црн дрес да го замени со друг. Како што дознаваме Камерунецот не само што е една од трансферните цели на Шкендија, туку во моментов преговорите привршуваат и дека само детали го делат Битанг од потпис со шампионот и есенскиот првак.

Добра вест за тетовци е тоа што тие не треба на лутиот ривал да му плаќаат отштета за Камерунецот со оглед на тоа, така барем велат нашите информации, дека на Битанг договорот со Вардар му истекува на 31.12.2018, што значи формално тој не е веќе член на нашиот најтрофеен клуб кој е во вистинска агонија.
Инаку од редовите на Шкендија не кријат дека се заинтересирани и за Барсегјан и Новак од Вардар, но и за фудбалери од други наши прволигашки клубови.

Најново во Фудбал