НЕМА ДА БИДЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ЕВРОПА

Без Јуфо на Пјуник

Јуфо мора да паузира три недели поради повреда на мускул од ногата здобиена на контролните натпревари за време на подготовките во Словенија.

објавено: 6 јули 2018 - 12:30

Бразилскиот напаѓач Виктор Нилдо Јуфо, кој пристигна како засилување за Вардар пред стартот на новата сезона нема да конкурира за составот на тимот на квалификацискиот меч од фудбалската Лига Европа против Пјуник, на 12 јули во Ереван.

Јуфо мора да паузира три недели поради повреда на мускул од ногата здобиена на контролните натпревари за време на подготовките во Словенија. Бразилецот по враќањето во Скопје не тренира со екипата која се подготвува за Пјуник.

Најново во Фудбал