НЕ СЕ ВЕЌЕ ДЕЛ ОД КЛУБОТ ОД ГРАДСКИ ПАРК

Баже се врати во Шкендија, Бопесу си замина од Работнички

Иако имаше можност и двајцата да бидат „романтичари" и во пролетниот дел, сепак Тодоровски се врати во Тетово а Бопесу доби „раскин"

објавено: 16 јануари 2019 - 18:45

И дефинитивно Баже Тодоровски не е веќе дел од Работнички во кој играше како позајмен играч во изминатите шест месеци. Како што велат од раководството на клубот од Градски парк, тој се врати во Шкендија и во наредниот период ќе го носи „црвено – црниот" дрес на шампионот. Да потсетиме дека искусниот десен бек во септември дојде во Работнички како играч на Шкендија на шестмесечна позајмица.

Жоел Бопесу, интернационалецот со француски пасош, по само шест месеци си замина од Работнички, односно доби раскин на договорот. Претходно Бопесу играше за Скопје од каде што и дојде во Градски парк. Левиот офанзивен бек има понуди од неколку клубови во Првата лига, но дали ќе прифати некоја или пак ќе си оди од Македонија останува да се види во следните денови.

Најново во Фудбал