ВАРДАРЕЦОТ ГО КАЖА СВОЕТО ПРЕД ЕРМЕНСКИТЕ НОВИНАРИ

Барсегјан: Јас сум професионалец, сакам да победи мојот тим

Вардар денеска на стадионот „Вазген Саргсјан" во Ереван, одржа прес-конференција. Во центарот на вниманието беше Тигран Барсегјан, добро познат на ерменската јавност со настапите во националниот тим на Ерменија.

објавено: 11 јули 2018 - 16:12

Вардар денеска на стадионот „Вазген Саргсјан" во Ереван, одржа прес-конференција. Во центарот на вниманието беше Тигран Барсегјан, добро познат на ерменската јавност со настапите во националниот тим на Ерменија.

„Нема да ми биде необично што ќе играм тука во Ереван. Јас сум професионалец, и сигурно ќе сакам да победи мојата екипа. Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство. И тие како и јас ќе дадат се од себе да победат. Се надевам дека утре Вардар ќе биде подобар, и дека ќе извлечеме добар резултат пред реваншот на домашен терен", изјави Тигран Барсегјан.

Тренерот Бобан Бабунски вели дека противникот е добро анализиран, и сигурен е дека неговите момци ќе дојдат до победа против Пјуник на гости.

„Имаме добри информации за екипата на Пјуник. Имаат неколку нови играчи и знаеме дека на секоја позиција поседуваат квалитетни играчи. Исто така имаат и искусни фудбалери кои играле многу вакви натпревари. Играат цврсто во одбраната и не очекува тешка задача тука во Ереван. Влегуваме со максимален респект кон нашиот противник и кон многу од нивни играчи. Но, ние сакаме да ја форсираме нашата офанзивна игра. Имавме одлични подготовки изминатиот период. Имаме неколку нови играчи кои одлично се вклопија. Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа. Минатата сезона беше прв пат наша екипа да игра во групната фаза од едно европско натпреварување, и нормално дека посакуваме да го повториме тој успех. Никогаш не се знае. Секогаш постојат изненадувања, и постојат екипи кои што во секој момент можат да покажат квалитет и да направат успех во Европа".

Дуелот се игра утре со почеток во 16 часот.  

Најново во Фудбал