СЕУШТЕ НЕ МУ Е СТАВЕН НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ТРЕНЕРОТ ВАСОСКИ

Барсегјан чека абер да се врати од Ерменија

Не е вратен во Скопје поради неподмирените придонеси на клубот кон државата, поради што неможе да добие и продолжување на работната дозвола

објавено: 25 октомври 2018 - 12:15

Вардар од познати причини настапува без својот прв стрелец и еден од главните играчи Ерменецот Тигран Барсегјан.

Тој неможе да се врати во земјава поради истечената работна дозвола. Остана во Ерменија по репрезентавните обврски кои ги имаше во Лигата на нациите на дуелот со Македонија во Ереван. Таму тренира за да ја одржи натпреаврувачката форма и секојдневно чека абер од Скопје дека проблемот е надминат за да пристигне и да им се придружи на соиграчите.

За тоа да се реализира Вардар треба да ги подмири давачките кон државата, па Барсагјан да може да добие работна дозвола. Со надеж дека овие админстративни проблеми клубот ќе најде сили, ама и пари да ги реши час поскоро, „црвено-црните" тренираат максимално за да тргнат во нов победнички поход во првенството. Барсегјан го очекуваат да им се придружи на 26 октомври, но мали се шансите да заигра и против Ренова. Најновите ветувања кои пристигнуваат од клупското раководство се дека излезот од пат-ситуацијата ќе биде изнајден до крајот на месецов.

 

Најново во Фудбал