НАПАЃАЧОТ НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА

Алтипармаковски нема да продолжи со Сараево

Клубот од БиХ нема да ја продолжи соработката со Македонецот и тој летово ќе бара нова средина

објавено: 24 мај 2018 - 16:15

Кратко ќе трае „љубовта“ меѓу Марјан Алтипармаковски и тимот на Сараево. Напаѓачот нема да продолжи со тимот во „бордо“, и после неколку месеци во кои не доби вистинска шанса, ќе си оди од овој клуб. 

Алтипармаковски дојде во оваа екипа како засилување во нападот, меѓутоа не му беше дадена прилика да ги покаже своите квалитети, со што летово ќе бара нова средина. Во опција се неколку странски, но и најдобрите домашни клубови. 

Најново во Фудбал