СПОРЕД МЕДИУМИТЕ НА НАШИОТ ЗАПАДЕН СОСЕД

Албанецот Шоши пред трансфер во Победа

Мариглен Шоши е искусен дефанзивец. Последен клуб му е Трепча.

објавено: 18 јануари 2019 - 11:14

Мариглен Шоши (31), дефанзивец од Албанија е можното засилување во редовите на Победа. Се разбира ако може да им се верува на медиумите во Албанија и Косово. „Спортмедиа" дознава дека Победа очекува играч од Албанија, но дали е тој токму Шоши, останува да се види.

Инаку Мариглен Шоши во минатите шест месеци го носеше дресот на Трепча од Косово, претходно играше и за Билис Бјалш, Тре Фиори (Сан Марино), Аполонија, Беса Каваја, се се тоа клубови од Албанија.

По заминувањето на Христијан Драгарски, Победа во дефанзивата го донесе Александар Ристески – Ерги, со Шоши секако стоперската линија на тимот на стратегот Јане Николоски ќе биде уште подобра.

 

Најново во Фудбал