БОРЕЦ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА, ГЕНЧ ИЗНЕНАДЕН ОД ВЛАЗРИМИ

2МФЛ: Струга Трим Лум владее на Западот, Кит Го подобар од Партизан! (ФОТО)

Имаме нов лидер во Втората лига - Запад, тоа е екипата на Струга Трим Лум која со 2:0 на домашен терен го совлада Кораби.

објавено: 29 септември 2018 - 17:31

Стрелци на головите за Струга Трим Лум беа Зија Мерџани во 12-та и Аљтин Лога во 78. минута од средбата за вкупно четврта победа сезонава.

Кит Го ја запиша и петтата победа во Втората лига - Исток, откако со 0:2 беше подобар од Партизан Обршани. 

-Момент од натпреварот Каменица Саса-Тиквеш-

За пехчевци стрелаа Иван Настевски во четвртата и Никола Тоне во 77. минута, од друга страна и понатаму е негативата од пет бода во однос на водечкиот Борец кој дојде и до седмиот триумф по ред.

Велешани повторно ги израдуваа своите навивачи, минимално со 1:0 со погодокот на Роберт Коцев во 67. минута славеа против Вардар Неготино.

-Момент од натпреварот Кожуф-Плачковица-

2МФЛ, 7. коло

Сабота, резултати:

Исток

Детонит Јуниор-Брегалница 2:0 (Ужевски 80 автогол, Трајчевски 82)
Каменица Саса-Тиквеш 1:3 (Бошески 55/Мојсов 16, Дигаловски 18, Петровски 22)
Партизан Обршани-Кит Го 0:2 (Настевски 4, Тонев 77)
Борец-Вардар Неготино 1:0 (Коцев 67)
Кожуф-Плачковица 3:1 (Ристовски 19, Зумровски 69, Чурлинов 90/Здравков 89 пенал)

Табела: Борец 21 бод, Кит Го 16, Тиквеш 15, Кожуф 12, Брегалница 10, Плачковица 7, Вардар Неготино 6, Партизан Обршани 6, Каменица Саса 4, Детонит 3.

Запад

Генч Калемлер-Влазрими 2:3 (Керим 44, Симоновски 49/Адили 16, Асани 29, Алији 40
Гоблен Јуниор-Скопје 0:0
Струга Трим Лум-Кораби 2:0 (Мерџани 12, Лога 78)
Тетекс-Лабуништа 1:2 (Салији 43 пенал/Клечкароски 37, Далчески 71)
Пелистер-Гостивар 2:1 (Главевски 17, Наумоски 51/Исмаиљи 61)

Табела: Струга Трим Лум 14 бодови, Гостивар 12, Влазрими 12, Лабуништа 12, Скопје 11, Генч Калемлер 10, Гоблен 10, Кораби 7, Пелистер 5, Тетекс 4.

Најново во Фудбал