НА ПОСЛЕДНИОТ ДУЕЛ ОД РУНДАТА ВО ВТОРАТА ЛИГА - ЗАПАД

10 натпревар и седмо реми за Гоблен

Се комплетираше и десеттата рунда од второлигашкиот шампионат на Западот, денеска Струга Трим Лум не ја оправда фаворитската улога на домашен терен, односно само ремизираше 1:1 со Гоблен Јуниор.

објавено: 21 октомври 2018 - 16:57

После првото полувреме водеа гостите со погодокот на Гентиан Пајазит реализиран во 12. минута од средбата.

Домаќините на крајот успеаја да го избегнат поразот благодарение на Александар Василев во 74. минута за нивно вкупно трето реми оваа сезона.

Останува лидер Струга Трим Лум со 21 бод, сега само два повеќе од второпласираната екипа на Лабуништа, додека Гоблен со седмото реми за моментна петта позиција со 13 бодови.

Најново во Фудбал