иако ерменецот има уште една година од договорот со скопјани

ЦСКА Софија за 100.000 евра сака да го „украде“ Барсегјан од Вардар

Бугарите веќе се во сериозни преговори со репрезентатиецот на Ерманија. Останува да се договори цифрата за слободата на фудбалерот која ја кажуваат од Вардар

објавено: 13 јуни 2018 - 10:45

Многу лесно може да се случи Вардар да остане и без уште еден од оние фудбалери кои во минатата сезона беше меѓу најдобрите, Тигран Барсегјан. Ерменскиот голгетер е во сериозни преговори со ЦСКА Софија која е подготвена да ги прифати личните услови на фудбалерот.

Тигран има уште една година договор со Вардар и затоа сега клучот за реализација на споменатиот трансфер е во рацете на „црвено-црните". Ерменецот во моментот е најдобриот фудбалер на клубот затоа што сето останато што вредеше веќе не е во составот на клубот кој зад себе има мизерна сезона во домашниот шампионат во кој ја загуби круната.

Според она што го дознаваме Барсегјан би имал месечна плата од 12.000 евра во ЦСКА а клубот од Софија е подготвен на преговори со Вардар за да се плати отштета од 75.000 до 100.000 евра.

 

Најново во Фудбал