ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ОХРИД

Брегалница уверлива со Борец (3:1)

Штипските „сини" со головите на Бакрачески, Мишев и Христов славеа високо над лидерот во Втората лига - Исток, единствениот гол за велешани беше дело на Симеон Христов

објавено: 12 февруари 2019 - 15:35

Во пријателски натпревар во Охрид, денеска екипата на Брегалница со 3:1 го победи Борец, есенскиот првак во Втората лига - Исток.

Тоа беше добар натпревар од страна на штипските „сини" против Борец за кој тренерот Горазд Михајлов експериментираше со составот.

Стрелци на голови за победничкиот тим беа Бакрачески, Мишев и Христов, додека единствениот гол за велешани беше дело на Симеон Христов.

 

Најново во Фудбал