ПОРАЗ НА СТРУМИЧАНИ ОД СРПСКИОТ СУПЕРЛИГАШ

Беласица загуби од Мачва со гол во 93. минута

Натпреварот го следеле и Радомир Антиќ и Ивица Краљ...

објавено: 12 јули 2018 - 10:10

Несреќен пораз на Беласица во вториот пријателски меч на Златибор. Струмичани загубија од Мачва со 0:1 и тоа со гол во третата минута од судиското продолжение.

Според информациите од таборот на Беласица, момците на стратегот Раде Цицмиловиќ биле подобар тим, имале и неколку идеални шанси за гол. Но, сепак не успеале да ја сместат топката во мрежата на српскиот суперлигаш.

Интересно е тоа што овој натпревар на Златибор го следеле Радомир Антиќ и Ивица Краљ кој е претседател на Мачва од Шабац.

Најново во Фудбал