ПО НАЈАВЕНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ПРАВИЛАТА ЗА КАНДИДАТУРИТЕ

Беџети: Ќе учествувам во трката за претседател на ФФМ за да има демократски избор

Поранешниот потпретседател на федерацијата, прв човек на ОФС Тетово и ФК Шкендија смета дека со опструкциите кои им се поставуваат на веќе промовираните кандидати Хаџиристески и Костов, си отвора пат сегашниот в.д. Сејдини да остане без конкурент за оваа функција.

објавено: 30 ноември 2018 - 10:15

Поранешниот потпреседател на Фудбалската федерација на Македонија, Реџеп Беџети од Тетово, некогаше прв човек на тамошниот Општинскиот сојуз и на екипата на Шкендија, по најавените промени на правилата за тоа кој може да се кандидира за прв човек на мак-фудбалот се огласи дека ќе учествува да го спаси демократскиот процес за избор на претседател во најмасовната и најбогатата асоцијација.

„Доколку се направат најавените статутарни измени со кои се елиминираат од претседателската трка Хаџиристески и Костов, му давам до знаење на в.д претседателот Муамед Сејдини дека како сака нека ги сврти Статутот, јас ги исполнувам условите и ќе му бидам противкандидат", вели Беџети.

ИЗМЕНИТЕ ВО СТАТУТОТ СТАНАА АКТУЕЛНИ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЃОРЃИОСКИ

Кавадарчанецот Тасев го мина филтерот на ФФМ за претседателски кандидат, преостантите тројца Костов, Станојковиќ и Хаџиристески беа елиминирани што беше повод по „жесток натпревар" на маста во ФФМ да се одложи септемвриското изборно Собрание и да се отпочне со подготовка на нови правила за измена во Статутот, за тоа кој се може да се кандидира за најпосакуваната фотелја.

„Статутот со доаѓањето на Ѓорѓиоски само се прилагодуваше како тој подолго да остане на власт. Меѓутоа едно не можеше да сфати дека политички дојде во ФФМ и така си замина. Но, луѓето кои останаа по него посебно потпретседателот Сејдини со негова поддршка и на неколкумина соработници мислат дека ФФМ е во нивна приватна сопственост и за овие неколку месеци размислуваат само како да се елиминираат кандидатите за претседатели. Тие не сакаат демократска трка за избор на претседател. И Сејдини како Ѓорѓиоски сака да го прилагоди Статутот да биде тој единствен кандидат, додавајќи членови со кои се лимитира старосна граница, искуство во ОФС, ФФМ и друго. Сето тоа не оди во прилог на развојот на мак-фудбалот", појаснува Беџети, зошти и кога би се вклучил во претседателската прка за ФФМ.

Повеќе во печатеното издание на „СПОРТ"...

Најново во Фудбал