СТРАТЕГОТ НА ВАРДАР СО РЕАКЦИЈА ПО МЕЧОТ ВО ЕРМЕНИЈА

Бабунски: Знаевме дека Пјуник има цврста одбрана

Тренерот на „црвено-црните“ потенцираше и тоа дека дуелот се одиграл на многу топло време

објавено: 12 јули 2018 - 18:40

Вардар загуби со 1:0 на гостувањето кај Пјуник, а тренерот на „црвено-црните“ вели дека не е изненаден од играта на ерменскиот тим. 

„Знаевме дека ќе биде многу тешко. Има многу промени во тимот на Пјуник. Ерменците покажаа дека има цврста одбрана. Ова е резултат кој дава надеж. Веруваме дека можеме да ја надоместиме негативата. Во реваншот играме на домашен терен и ќе се обидеме да победиме“, вели Бабунски.

Стратегот на Вардар потенцираше дека мечот се одиграл на многу топло време. 

„Тоа беше малку изненадување за нас. Моравме да се прилагодиме на временските прилики. Одигравме бавно, посебно во нападот“, додава Бабунски, кој потенцираше дека Вардар од минатата сезона и овој од сега не може да се споредуваат. 

Најново во Фудбал