НАПРАВЕНО ЕДНО НЕЗАБОРАВНО КОРТЕО НИЗ ТЕТОВСКИТЕ УЛИЦИ

30 роденден на навивачката група „Војводи Тетово“! (ФОТО+ВИДЕО)

Овој збир на млади луѓе кој секогаш први застанувале на браникот за својот клуб Тетекс, својот град Тетово и секако Македонија.

објавено: 3 ноември 2018 - 00:34

По повод 30-от роденден на навивачката група „Војводи Тетово", се собраа тетовчани и направија едно незаборавно кортео низ тетовските улици.

Се очекува прославата да продолжи в сабота со почеток во 12 часот пред сендвичара Пинк Пантер (стара Бубамара) од каде што ќе се упатат кон стадионот на спортскиот центар и заедно ќе го проследат првенствениот натпревар на ФК Тетекс против Струга.

„Честа, гордоста и привилегијата значи и должност кон постарите генерации и основачите на оваа група кој ни оставиле еден вид на културно наследство што можеби е последното, но дефинитивно најискреното македонско што е преостанато во нашиот град. Но и обрвска кон идните генерации кој после нас ќе дојдат и ќе станат дел од оваа голема фамилија и рамо до рамо со нас ќе ја шират македонската идеологија и работат за македонската кауза.", - Војводи Тетово

Најново во Фудбал