ПРВО ВИДУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ, ПА ВЕДНАШ ВО САЛА НА ТРЕНИНГ

„Запали машината“ која треба да носи победи во Германија и Данска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација од хотелот „Александар палас" преку блиската ВИП Арена „Борис Трајковски" во Скопје, го означи стартот на подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во Германија и Данска.

објавено: 24 декември 2018 - 19:30

На првиот собир не се појавија тројца ракометари, покрај најавените Филип Талески и Филип Лазаров, задоцни и Борко Ристовски.

На првите два тренинзи нема да бидат селекторот, Раул Гонзалез и неговиот асистент, Роберто Гарсија Парондо, кои поради католичкиот Божиќ ќе се приклучат во текот на утрешниот ден...