ОВАА ПРЕСМЕТКА Е НАЈЗНАЧАЈНА ВО НАШАТА ГРУПА

Веруваме во победа, на патот стои ерменска „пречка“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската А репрезентација утре против Ерменија ќе го игра првиот домашен натпревар од Лига на Нации. На Денот на независноста, официјален тренинг на „Филип Втори" Арената каде што и ќе биде дуелот (18:00 ч.)

Ова е најзначајниот меч за „црвено-жолтите", за селекторот Игор Ангеловски многу е важно како ќе функционира неговиот тим.

Победникот во оваа Лига Д во групата 4 дефинитивно ќе се бара меѓу нас и Ерменците, после оној со Гибралтар, в недела ќе се брка уште еден позитивен резултат на патот кон ЕУРО 2020.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 8 септември 2018 - 13:36