1МФЛ: „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ОСТАНУВААТ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ

Вардар „се буди“ во прав момент пред вистинското што следи! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Се продолжува со убедливите игри и победи сезонава, овојпат на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари „падна" и екипата на Академија Пандев (3:0).

Во еден одличен натпревар попладнево, составот на Васоски освои три бода со головите на Мицевски од пенал во првиот дел и двата на Брдаровски во второто полувреме после одлични асистенции на Битанг во 74. минута и на Најдовски во 84.

Следува еднонеделна пауза поради репрезентативните обврски, а потоа ќе следува дерби дуелот против Шкендија во Скопје.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 6 октомври 2018 - 17:26