ПОСЛЕДЕН ТРЕНИНГ ПРЕД ПЈУНИК

Вардар подготвен да се врати на вистинскиот пат! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Вардар немаат друга опција в четврток, освен победа и анулирање на негативата од првиот меч кога загубија со 1:0 од Пјуник на стартот од квалификациите за Лига Европа.
Александар Васоски е новиот шеф на стручниот штаб, свесен дека елиминација многу лошо ќе влијае во редовите за новата натпреварувачка сезона.
Пред верните „Комити" црвено-црните ќе се обидат да го докажат спротивното дека првите 90. минути во Ерменија биле само лош ден, дека време е да се издигнат и да се вратат на вистинските патеки...

објавено: 18 јули 2018 - 19:27