ЕСЕНСКИОТ ПРВАК ВО ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД НА ЗАСЛУЖЕН ОДМОР

Струга Трим Лум со вечера и мала забава за крај на успешната година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Арбтрим Ќира, првиот човек на Струга Трим Лум и спортскиот директор Бесарт Исаку, синоќа организираа вечера со своите играчи и стручниот штаб. Се разбира дека сите беа задоволни, челниците на клубот од првото место по есенскиот дел во Втората лига – Запад, инаку историски успех на клубот, додека играчите поради тоа што беа исплатени до денар за цела 2018 година. По вечерата и малата забава си дадоа збор дека во мај ќе се прославува и влезот во Првата лига. Играчите добија одмор до 16 јануари кога е закажан собирот и стартот на подготовките.

објавено: 17 декември 2018 - 11:27