ШКЕНДИЈА ЗАСИЛЕНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАСТАПОТ ВО ЛШ

Се е исто, само него (БУБА) го нема (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мали се шансите Ферхан Хасани да остане во Тетово, но и без него Шкендија има моќен тим. Вредно тренираат и новаците Селмани и Чешмеџиев.

објавено: 16 јуни 2018 - 11:46

Фудбалерите на Шкендија деновиве засилено ја одработуваат првата фаза од летните подготовки. Насмевки, засилен ритам, славењето и одморот завршија. Сега на ред се европските обврски. Се е исто во таборот на Шкендија, само него (Ферхан Хасани) го нема. Мали се шансите тој да остане во Тетово, но и без него Шкендија има моќен тим. Вредно тренираат и новаците Селмани и Чешмеџиев.