МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН Е НА ПОЛОВИНА ПАТ ОД ЦЕЛТА

Очите на Шкендија свртени кон Салцбург (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тетовските „црвено-црни" се подготвуваат за првиот меч од третото квалификациско коло од ЛШ против Салцбург, а потсетување дека новото летно засилување Гледи Мици доби дозвола од УЕФА за настап.

Шкендија ги врти погледите кон првите 90. минути против шампионот на оваа земја. Македонскиот шампион е на половина пат од целта, третиот ривал е големо име во австрискиот и европскиот фудбал кој лани стигна до полуфиналето во Лига Европа.

После ТНС и Шериф, ова е вистински предизвик за нашиот претставник, играчите ќе се обидат притисоците да ги претворат во мотив, бидејќи против Салцбург нема што загубат, можат само да добијат. Екипата ќе тренира во Тетово уште во понеделник претпладне, а подоцна во вечерните часови, експедицијата ќе патува за Австрија. (фото: kfshkendija.com)

објавено: 6 август 2018 - 00:37