ЗАВРШИ ОДМОРОТ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ

НОВА ГОДИНА, НОВА НАДЕЖ: Мисли само за СП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобрата машка ракометна репрезентација се врати на подготовките за СП во Германија и Данска, кое стартува на 10 јануари, по тридневна пауза на новогодишниот дочек.

објавено: 2 јануари 2019 - 20:25

Селекторот Раул Гонзалез со полна сила продолжува со работа и ќе се обиде максимално да ги искористи деновите кои му остануваат до стартот на мундијалските возбудувања, во кои влегуваме со нови желби.

Двомечот со Србија, закажан за 4 и 5 јануари ќе биде патоказот.

На првиот работен ден во новата година репрезентацијата ја поздрави и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.