СУПЕР ПОЧЕТОК НА МАКЕДОНСКИОТ КОШАРКАРСКИ ВИЦЕШАМПИОН

МЗТ Скопје Аеродром го „растури“ Борац Чачак (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Популарните „штркови" без многу мака, лесно и убедливо го совладаа Борац Чачак (82:57) за „два од два" во новата сезона од АБА2-лигата.

Триумф со кој „металците" само ги потврдија амбициите за највисок пласман и тоа против екипа која минатата сезона беше меѓу четирите најдобри за завршниот турнир.

Следен јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Приморска, на кој ќе му гостуваат следниот четврток. Претходно, претстојниов викенд, аеродромци ќе ѝ гостуваат на Блокотехна на стартот од домашното првенство.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 3 октомври 2018 - 23:39