„ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ“ ГИ ЗАПАЛИЈА МОТОРИТЕ

Македонските ракометари со полна пареа на чело со „Ел Команданте“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сениорската ракометна машка репрезентација на Македонија денеска предводена од селекторот Раул Гонзалез го имаше првиот тренинг во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски" - Скопје.

Како што е веќе познато, левиот бек Филип Талески поради клупски обврски во Рајн Некар Левен го пропушти денешниот тренинг.

Информациите велат дека репрезентативецот се очекува во текот на утрешниот ден да му се приклучи на националниот тим кој се подготвува за првиот натпревар в четврток од квалификациите за ЕП 2020 против Турција, меч кој ќе се игра во Битола од 20:15 часот.

Фото, Петр Стојановски

објавено: 22 октомври 2018 - 20:26