ВАЖНО Е ДА СЕ ИГРА, ВО КОИ УСЛОВИ, ПОМАЛКУ...

МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ГОЛГОТА: Славењето трае, ама мрежички никаде нема (фото)

Од преголемото синоќешно славење, некој од одговорните луѓе во Работнички, пред се оние за одржување на салата „Градски парк“, но и во младинските категории поздаборави дека и денеска, а и понатаму, (ќе) има натпревари.
И не стигнаа да „монтираат", да постават нови мрежички на кошевите во салата (оние старите синоќа останаа како сувенири кај некој од играчите на Работнички)...
Па затоа младите кошаркари интересно со согласност на официјалните лица, го играат натпреварот (против екипата на Вардар), во едни нерегуларни услови. Односно без потребните мрежички на двата коша.
Пуста македонска кошарка... вода ја однела...

објавено: 26 мај 2018 - 12:20