ВТОР ТРИУМФ НА НАШИТЕ КОШАРКАРИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

Македонија слави нова голема победа, совладана и Романија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација триумфираше и во вториот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

После победата на гости во Косово, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков вечерва со 90:76 ја совладаа селекцијата на Романија во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“, Скопје.

Најефикасни во нашите редови беа Трајковски и В. Стојановски со по 21 поен, а на спротивната страна Ватсон реализираше 17.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 16 септември 2018 - 20:20