СЕ „БРКА“ НОВА МУНДИЈАЛСКА ВИЗА

Јако уште првиот ден: Македонија нема време за губење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го одработи првиот тренинг во рамките на подготовките за бараж двомечот со Романија за пласман на СП следната година. Раул Гонзалез и неговите избраници веднаш се фатија за работа, секоја минута е скапоцена...Во составот недостигаа Филип Миркуловски и Филип Талески, кои веќе утре ќе им се приклучат на своите соиграчи.

Првиот меч со Романија се игра на 10 овој месец во СЦ „Борис Трајковски", додека пак реваншот е закажан за три дена подоцна во Клуж.

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 4 јуни 2018 - 19:40