„БОМБАРДЕРОТ“ ПРОТИВ ТНС МЕЃУ СТАРТЕРИТЕ

Ибраими го издржа тренингот, ќе игра против „светците“ ... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако се суди по вечерашниот тренинг тогаш Шкендија утре против ТНС ќе настапи со својот „бомбардер" Бесарт Ибраими. Најдобриот фудбалер на првакот ги издржа сите 60 минути од последниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со „светците", тоа значи тренерот Ќатип Османи ќе може да смета на него.
Инаку самиот тренинг беше одработен по дожд на теренот на „Филип Втори".

објавено: 9 јули 2018 - 23:03