СТАРТУВАА И АМБИЦИОЗНИТЕ КАВАДАРЧАНИ

„Гањо" ги собра, Тиквеш во погон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Почнаа и подготовките за новата сезона за фудбалерите на Тиквеш од Кавадарци.
Новиот тренер Љупчо Димитковски – Гањо ја направи првата прозивка, а на стадионот во Кавадарци се појавија 25-26 фудбалери, вклучително и момците од младинскиот погон на ФК Тиквеш, кој ќе настапува во Втората лига-Исток, и ќе биде едне од кандидатите за влез во Првата лига.
А на првиот собир беа присутни и новите засилувања во тимот како Адријан Чаволи, Александар Игески, Дарко Дигаловски, Александар Вареловски, како и повратникот во екипата, Васко Митрев...

објавено: 4 јули 2018 - 20:57