И ВТОРАТА ТИТУЛА СЕ СЕЛИ ВО ТЕТОВО

ФОТОГАЛЕРИЈА: Доминацијата на Шкендија крунисана и со Куп трофејот!

Шкендија е најдобра сезонава, а тоа го покажа и со триумфот во финалето на Купот над Пелистер со 3:0 со двата гола на Муслиу и еден на Ибраими. Тетовскиот тим го доби заслужениот пехар од Купот, и тоа неколку дена после добивањето на пехарот за најдобри во првенството. Ова беше прва двојна круна за Шкендија. И повеќе од заслужено затоа што после целосната доминација во Првата лига, доминираше и во текот на целото натпреварување од Купот, и на крајот дојде она што го заслужи - ПЕХАРОТ. Еве како изгледаше славјето на тетовци во Струмица и освојувањето на вториот Куп пехар. 

објавено: 23 мај 2018 - 22:36