НА ПРВИОТ МЕЧ НА У17 СЕЛЕКЦИЈАТА ОД ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Дончевски секогаш со поддршка за македонските фудбалски репрезентации! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска нашата У17 селекција несреќно во самиот финиш претрпе пораз од Шпанија (0:1) на стартот од првата фаза во квалификациите за ЕП.

На трибините на ФФМ Тренинг центарот покрај навивачите, љубителите на фудбалот помеѓу нив се најде и легендата Андон Дончевски.

Чичко Дончо заедно до него и Илчо Ѓорѓиоски ја даваа поддршката на нашите фудбалски надежи. Претходно Дончевски го следеше и триумфот над Лихтенштајн на сениорите во Лигата на нации.

Фото, Петр Стојановски

објавено: 20 октомври 2018 - 17:45