КАКО ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ТУРНЕЈА НА ЏЕЈ-БИ-ЕЈ ЛИГАТА

Бол и компанија го видоа Скопје и заиграа со шампионот (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата во која настапуваат Ламело и Лианџело Бол, браќата на кошаркарот на ЛА Лејкерс Лонѕо Бол, вечерва беше во салата „Градски парк" каде што му беа гости на актуелниот шампион Работнички со кого одиграа и еден пријателски натпревар.


објавено: 14 ноември 2018 - 20:01

Станува збор за дел од големата турнеја на Џеј-Би-Еј лигата во која настапуваат млади и талентирани кошаркари кои не сакаат да влезат во системот на НЦАА.
Во исто време. семејството Бол, престојот во Скопје ќе го искористат за снимање епизода за нивното реално шоу кое редовно се емитува преку Фејсбук.

Инаку, кошаркарите на Работнички излегоа како подобри во вечерашната средба против тимот од американската Џеј-Би-Еј јуниорска лига (127:122), позади која стои најпознатиот кошаркарски циркузант во светот, Лавар Бол.

Во составот на гостите од Америка вечерва беше само Лианџело Бол, додека најмладиот од тројцата браќа, Ламело, поради повреда го пропушти натпреварот.

Ова беше прв пораз на Џеј-Би-Еј селекцијата по серија од 12 победи.

 ФОТО: Петр Стојановски